Репрезентацијата на Хрватска сосема очекувано забележа сигурна победа над Романија од 31-25 и го потврди пласманот во вториот круг на ракометното Европско првенство во Германија. Хрватите откако ја растурија Шпанија, кикснаа против Австрија во второто коло и дури и го доведоа пласманот во следниот круг под знак прашалник, но Коцкестите денес одиграа сигурно и без проблеми ја совладаа Романија, па најверојатно како првопласирани ќе одат во следниот круг, но сè уште го очекуваат исходот од дуелот помеѓу Шпанија и Австрија.
Голема драма имаше на соседското дерби помеѓу Србија и Црна Гора, кое им припадна на Црногорците со минимални 30-29, што на крајот значи дека завршуваат на третата позиција во групата, пред соседот Србија.