8.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Хрватска го „скоцка“ Исланд и се врати во игра за полуфинале

Репрезентацијата на Хрватска со победа го отвори вториот круг на Европското првенство, откако во Малме славеше над Исланд со 30-29. „Коцкестите“ како последни во групата влегоа во борбата за пласман во полуфиналето, но оваа победа се враќаат на голема врата во битката во влез меѓу најдобрите четири во Европа.

Хрватска имаше водство во текот на целото прво полувреме, а Исланд само двапати израмнуваше, но тоа беше на самиот почеток, за 1-1 и 2-2. „Коцкестите“ со највисоките плус четири заминаа на паузата, 19-15.

Во вториот дел, Исланд неколку пати успеваше да намали на еден гол разлика, но никако и да израмни или да поведе, односно Хрватска постојано имаше водство и контрола над резултатот. На крајот Исланд со два брзи гола во последната минута успеа само да намали на минимални еден гол разлика.

- Оглас -

Најнови вести