Хрватска и Полска ќе бидат европските претставници во квалификациите за кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз следната година.
Хрватите беа најдобри во својот дел од претквалификациите, вечерва во финалето како гости славеа против Турција со 84-71. Шариќ, Хезоња, Смит и Зубац беа најзаслужни за победата кој ги доближува Хрватите до учество на ЛОИ.
Полска во своето финале дома, беше подобра од Босна и Херцеговина со 76-72.