Хрватска има четири победи во четири меча, а денес има неверојатен коефициент да не ЗАГУБИ со девет разлика!

Женската хрватска ракометна репрезентација е хитот на досегашниот дел од европското првенство. Коцкестите стигнаа до четири победи во исто толку натпревари на континенталниот собир и сега се на чекор од пласман во полуфиналето. Ги победија Унгарија, Холандија, Србија и Романија, а во сите дуели, според коефициентите беа проценети како помалку квалитетни.

Сепка, денеска е најголемиот предизвик за Хрватска која ќе излезе на мегдан со Норвешка. Тоа е селекцијата која е апсолутен фаворит за златниот медал на турнирот. И Норвежанките како и Хрватска досега реди само победи, но тоа како да е ракометна машина.

Во четирите меча Норвешка убедливо победуваше, а неверојатно звучи дека Холандија која им даде најголем отпор загуби со седум разлика. Романија загуби со осум разлика од Норвешка, а фаворитот немаше милост во дуелите со Германија (42:23) и Полска (35:22).

Според коефициентите во Sport Life, нема дилема дека Норвешка ќе победи, но интересна е понудата за тоа со колку разлика ќе слави фаворитот. Неверојатно звучи тоа дека на границата за победа на Норвешка е ставена на 8,5 голови. За Хрватска да загуби со едноцифрена разлика, коефициентот е 2,05!

Ако Холандија и Романија кои загубија од Хрватска можеа да се држат на едноцифрена разлика против Норвешка, сигурно и Хрватска има квалитет да го стори истото.

 

- Оглас -

Најнови вести