Хрватска одигра одлична одбрана и успеа да ја победи и Шпанија со 23:19 за петта победа во нашата група и максимален број бодови, четири во следната фаза од натпреварите на Мундијалот во ракомет.
Лино Червар постави извонредна одбрана, која беше претешка и превисока за Шпанците, па Хрватска прими само 19 голови во дербито од нашата група.
Во офазнива расположен беше Златко Хорват со 8 погодоци, а „коцестите“ го преслушаа големиот ривал и се единствената селекција во следната фаза во новоформираната група со максимални 4 бодови, пред Германија и Франција со по 3, Шпанија со два и Бразил и Исланд без бодови.
Вечерва и Франција славеше нова победа со 23:22 против Русија, а Шведска ја совлада Унгарија со 33:30.