Хрватска ја разочара македонската Фаланга: Нашите ракометари не добија покана да бидат во „хрватска“ група за СП

Македонската ракометна јавност остана разочарана откако Хрватска, земја која е кодомаќин на Светското првенство во 2025 година не ја одбра нашата репрезентација да биде во една од групите на кои Коцкестите ќе бидат домаќини.

Во Загреб ќе се играат две групи, а Хрватска како домаќин во едната, реши во втората носител да биде Словенија. За групата во Пореч беа одбрани како домаќини да се Австриците, додека Унгарците ќе бидат сместени во Пореч.

По две групи ќе има и во Норвешка и Данска, кои заедно со Хрватска се кодомаќини на планетарниот собир. За тоа во која група ќе игра Македонија ќе се знае на 29 мај кога во Загреб ќе биде извлекувањето на осумте групи.

Македонија досега два пати била дел од големи натпреварувања во Хрватска и тоа во 2009 и 2018 година и во двата случаи македонските фанови беа меѓу најомилените кај организаторот и локалните жители.

- Оглас -

Најнови вести