Хрватска ја „скоцка“ Франција во Париз (Видео)

Хрватска со 1:0 славеше на гостувањето кај Франција во денешното дерби од Лигата на нациите. Лука Модриќ даде гол од пенал уште во петтата минута, и тоа на крајот се покажа како доволно за триумф на Коцкестите.

Со оваа победа Хрватска стигна до седум бода, што е доволно за второто место во групата, каде што лидер е Данска со девет бодови. Данците вечерва со 2:0 ја победија Австрија, која има четири бода. Чудно, но вистинито, по четири меча Франција нема ниту една победа во оваа група и е последна само со два бода.

Во останатите мечеви кои вечерва се играа во Лигата на нациите, Исланд и Израел ремизираа 2:2, Казахстан со 2:1 славеше над Словачка, а Азербејџан со 2:0 ја победи Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести