Веќе е јасно дека Динамо Загреб ќе биде нов шампион на Хрватска и ќе ја наследи Ријека на тронот. Загребските „модри“ со 1-3 славеа на гостувањето кај вечниот ривал Хајдук и сега имаат +10 на врвот од табелата.
Се чини дека Динамо никогаш не победил полесно на „Пољуд“, со оглед на фактот дека по десеттина минути игра веќе имаа водство од 0-2. Зајц во седмата и Видовиќ во 11-тата минута погодија за Динамо, а надеж за Хајдук донесе Пукштас во 28-мата минута.
Конечните 1-3 беа постигнати уште во првиот дел, кога Бакрар погоди во 38-мата минута и ги реши дилемите околу победникот.

