1613 Аргентина – Хрватска (20 ч.)
Хрватска не само што нема ниту еден пораз на Светското првенство во Катар, туку селекцијата предводена од Златко Далиќ има низа од 11 дуели на кои не загубила. Двете средби од нокаут-фазата Коцкестите ги играа во максимални 120 минути и потоа на пенали покажаа неверојатна присебност и ги елиминираа Јапонија и Бразил, а Ливаковиќ одбрани пет од седумте пенали кои му ги шутнаа.
И Аргентина доби еден меч на пенали, и тоа тој против Холандија. Гаучосите во 40 натпревари има само еден пораз и тоа тој од Саудиска Арабија на стартот од Мундијалот.
Аргентина и Хрватска низ историјата имаат одиграно пет меча и билансот е по две победи за двата тима, а еднаш одиграле нерешено. На Мундијалот пред четири години Хрватска победи со убедливи 3:0 во групната фаза, но сега е друга ситуација и влогот е многу поголем.
Предлог тип: 1 (2.05) – Квота од Супер тип
1057 Саутенд – Халифакс (20:45 ч.)
Дерби-меч од Националната лига во Англија. Саутенд дома во 11 меча има само два пораза, додека Халифакс на гости во 11 дуели само двапати се радувал. Во последнава година одиграа трипати, а домаќините не дозволуваат да бидат поразени.
Предлог тип: 1Х&1-3 (1.74)
1055 Нотс каунти – Гејтхед (20:45 ч.)
Ова треба да биде лесна победа на домаќините ако се знае дека Нотс каунти е лидер со 51 освоен бод, а гостите во 21 дуел имаат само 17 бодови и се на претпоследното место на табелата.
Нотс каунти ќе има дополнителен мотив затоа што на почетокот од сезоната, кога гостуваше кај Гејтхед, киксира и одигра само 1:1.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.91)
1056 Скантроп – Вокинг (20:45 ч.)
Скантроп е очаен и нареди шест порази и две нерешени во последните осум кола, па не е чудо што е последен на табелата во оваа Национална лига на Англија. Вокинг игра многу посигурно и едноставно гостите се многу поблиску до освојување на бодовите. Голови не треба да фалат на оваа средба.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
1556 Спортинг – Маритимо (21:45 ч.)
Португалскиот гигант не сака да остави ништо на случајноста во Лига купот, па од две кола има максимални шест бода и гол-разлика 8:0. Маритимо е последен без даден гол и без освоен бод.
Јасно е кој ќе победи на оваа средба, а се очекува да има повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&4+ (2.60)