Хрватска ќе се бори за титула во Лигата на нациите и ја спаси Франција, Турција две кола по ред со чудни резултати

Хрватска и Холандија се првите два учесника на фајнал-фор турнирот за првак во Лигата на нациите. Хрватите со победата од 3-1 кај Австрија го освоија првото место, во кое беа и Данска и Франција.

Французите повторно беа бледи и беа поразени во Данска со 0-2, но не испаднаа во Лига Б затоа што Австрија немаше сили за подвиг против Модриќ и друштвото. Модриќ, Ливаја и Ловрен го расипаа рекордот на Арнаутовиќ, кој стана играч со најмногу настапи во историјата на националниот тим на Австрија.

Во другата група, Холандија со голот на Ван Дајк победи со 1-0 над Белгија и надмоќно го освои првото место.

Полска славеше со Велс со 1-0, па Велшаните одат во ранг подолу.

Во Лига Ц, Турција го имаше обезбедено првото место и пред ова последно коло, а по ремито 3-3 со Луксембург дома во минатото коло, вечерва Турците загубија од Фарски Острови со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести