9.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Хрватска ќе се обиде да ја „скоцка“ и Германија, Данска е голем фаворит против Исланд

Кулминацијата на ракометното европско првенство е пред крајот. Денеска се играат двата полуфинални дуели, по што ќе се дознаат двете селекции кои в недела ќе се борат за златниот медал и континенталниот трон.

Хрватска покажа дека уште е во врвот и стигна до полуфиналето, каде што за ривал ја има Германија. Во последните две години овие селекции меѓу себе играле петпати, а Хрватска има три победи, додека Панцерите се радувале двапати, а интересно е дека ниеднаш немало драматична завршница, што сега може и да се случи.

Во поннудата има да се одигра кој тим прв ќе постигне три, пет, седум, 10 или 15 голови, колку вкупно исклучувања ќе има, која селекција со колку разлика би можела да победи, како и бројот на головите што ќе ги постигнат играчите кои се на теренот.

Данска е домаќин и секако е голем фаворит за победа над Исланд. Не играле често меѓу себе, па во последните 10 години се сретнале само петпати, а Данска има четири победи. Сега Данците ќе ја имаат и поддршката од публиката во арената во Хернинг, па ќе биде чудо Исланд ако изненади.

- Оглас -

Најнови вести