Репрезентациите на Грција, Шпанија и Бразил обезбедија пласман на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз. Најинтересно беше на турнирот во Пиреја, каде хрватите не успеаја да направат уште едно изненадување и да го совладаат домаќинот, иако пружија достоен отпор на квалитетниот противник.
Во оваа група беше и репрезенатцијата на Словенија, која предводена од Лука Дончиќ не успеа да дојде ниту до финалето на квалификацискиот турнир.
Најубедливата победа ја забележаа кошаркарите на Бразил, кои со високи 69-94 ја совладаа Летонија и тоа на гостински терен во Рига. Претпоследниот патник на ЛОИ е селекцијата на Шпанија, која на домашен терен во Валенсија ги совлада кошаркарите од Бахамите со 86-78.
Последниот патник ќе биде познат после полноќ, кога ќе се одигра финалето од турнирот во Порторико, во кое играат домаќинот и селекцијата на Литванија.