Очекувано беше во групата на смртта во последното коло да има меч кој е „да се биде или не“. Хрватска е во таква ситуација. Коцкестите освоија само еден бод по првите два меча (реми 2:2 со Албанија), па едноставно мора да бркаат три бода во пресметката со актуелниот европски владетел.
Кога се работи за меѓусебните дуели, традицијата максимално е на страна на Хрватска. Во последниве 30 години имаат одиграно осум меча и Италија никогаш нема победено. Хрватска се радувала на три триумфи, а дури пет меча завршиле нерешено (четири пати резултатот бил 1:1).
Сепак, факт е дека сега Хрватска со реми нема да се задоволи, што значи дека избраниците на Златко Далиќ ќе мора да бидат многу офанзивни.
Интересно е дека на последните два меча кои ги одираа, првиот гол паѓа точно во 11-тата минута. За оние кои веруваат во некој вид традиција тоа е добар показател дека првиот погодок и вечерва може да го видиме во раната фаза од средбата.
Примамливи се квотите и за тоа да има пенал или црвен картон, како и комбинацијата едниот тим да добие исклучување, а другиот удар од белата точка.