Хрватска никогаш не примила гол од селекција од Африка, Далиќ го измеша составот во дуелот со Мароко

Хрватскиот селектор Златко Далиќ направи неколку измени во составот за пресметката против Мароко за трето место на Светското првенство во Катар.

Далиќ во одбраната ги уфрли Станишиќ и Шутало, кои ќе дебитираат во Катар, а Иван Перишиќ од крило е преместен на позицијата лев бек.

Почетниот состав на Хрватска во битката за трето место изгледа вака: Ливаковиќ, Станишиќ, Шутало, Гвардиол, Перишиќ, Модриќ, Ковачиќ, Мајер, Крамариш, Оршиш, Ливаја.

Инаку, Хрватите никогаш не примила гол од африканска селекција на мундијалите. Кај Мароканците нема да стартува Унахи кој изненади многу со игрите во Катар, нема да игра ни Мазрауи, капитенот Саис е на клупа, останатите ѕвезди тргнуваат од прва минута.

- Оглас -

Најнови вести