21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Хрватска по стапките на Белгија од 2018, Аргентина ќе биде светски шампион?

Статистичарите најдоа едно интересно поклопување на случувањата на Светското првенство кое е во тек во Катар и тоа пред четири години во Русија.

Ако сега се следи примерот од 2018, треба да се очекува Хрватска да го добие мечот за трето место и да го освои бронзениот медал, а Аргентина да биде шампион.

Имено, Хрватите го повторуваат патот кој го одеше Белгија на претходното СП. Хрватска годинава во Катар, исто како и Белгија во 2018, во осминафиналето ја елиминира Јапонија, а во четвртфиналето го испрати дома и Бразил.

Белгија во полуфиналето загуби од идниот светски првак (тогаш Франција), а потоа ја доби битката за трето место. Ако Хрватска до крај ја „копира“ Белгија, треба да биде трета, а поразот да биде од тимот кој ќе стане светски првак, тоа е Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести