Хрватска приреди голем подвиг и ќе игра продолженија од двапати по 15 минути против Шпанија, откако анулира негатива од 1:3 и со головите на Оршиќ и на Пашалиќ во финишот на осминафиналето стигна до 3:3 во регуларниот дел.
Лудиот финиш на актуелните светски прваци почна со погодок во 85-тата минута на Оршиќ за 2:3, а потоа погоди и Пашалиќ во 93-тата минута за 3:3.
Голот на Пашалиќ можете да го погледнете ОВДЕ.
Мечот почна одлично за Коцкестите, кои поведоа со чудниот автогол на Педри во 20-тата минута.
Шпанците потоа постигнаа три гола по ред и беа на прагот на победата, но потклекнаа во финишот на мечот и ќе играат дополнително време за пласман во четвртфиналето.
Пабло Сарабија израмни на 1:1 со прецизен удар во 38-мата минута по асистенцијата на Гаја. По првото полувреме двете селекции беа во егал, но потоа во продолжението Шпанија беше подобра, но не победи.
Сесар Аспиликуета го постигна својот прв гол во дресот со националните бои на Шпанија со удар со глава во 57-мата минута и стана највозрасниот шпански репрезентативец на возраст од 31 година што постигнал погодок на Европските првенства.
Во 77-мата минута, по акцијата на Пау и Феран Торес, играчот на Манчестер сити по третпат ја погоди мрежата на Ливаковиќ за голема предност од 3:1.
Мислав Оршиќ со погодок во 85-тата минута намали на 3:2, а Хрватите во лудиот финиш успеаја да се изборат за реми и за продолженија.
Шпанците, или Хрватите ќе играат во четвртфиналето против победникот од дуелот меѓу Франција и Швајцарија што ќе се игра вечерва од 21 часот во Букурешт.