Хрватска се бореше, Германија обезбеди полуфинале

Германија во тешка пресметка се избори за победа над Хрватска со минимални 22:21. Домаќинот со оваа победа обезбеди пласман во полуфиналето, па заедно со актуелниот бранител на трофејот, Франција, ќе ги чекаат противниците за влез во големото финале. „Каубоите“ останаа без шанса да се борат за медал откако го претрпеа вториот последователен пораз во главната рунда.

По почетната иницијатива на Хрватите, домаќините ја вратија неивесноста, па со 11:11 се замина на пауза. Борбата продолжи и во вториот дел, а Германците го направија првиот потег кон позитивен резултат па во еден момент имаа и +3. Во завршните моменти избраниците на Червар успеаја да се вратат резултатски и имаа минимална предност, но серијата од 4-1 значеше дека Германија на крајот ќе се радува.

Виде одигра перфектен натпревар реализирајќи 6/6 гола, Генсхајмер застана на четири погодоци од осум обиди. Карачиќ и Штрлек со по четири гола беа најефикасни во составот на Хрватска.

Данска е на чекор од полуфиналето откако со 26:20 лесно го совлада Египет. Вториот домаќин на овој ракометен мундијал и натаму е без пораз, па со осум бода во втората главна група се пред Шведска и Норвешка, кои имаат по шест бода пред решавачките дуели.

- Оглас -

Најнови вести