4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Хрватска се пласираше на Светско првенство, Холандија ќе мора да го почека последното коло

Репрезентацијата на Хрватска со победата од 3-1 вечерва над Фарски острови, и математички обезбеди пласман на Светското првенство следната година.

Хрватите заедно со Франција се двете селекции со две освоени медали на претходните две светски првенства, а Лука Модриќ ќе има прилика по петти и последен пат да заигра на едно СП. За Хрватска тоа ќе биде дури седми Мундијал, последно СП кое го пропуштија беше во Јужна Африка во 2010 година.

Фараните се заканија вечерва во Риека и поведоа 1-0, но Хрватска е искусен и квалитетен тим кој не го фати паника, и направија пресврт кој ги однесе на СП на едно коло до крајот на квалификациите.

Холандија одигра 1-1 со Полска и пропушти шанса уште вечерва теоретски да се пласира, но сигурно тоа ќе го стори во последното коло против слабата Литванија кога Лалињата може да си дозволат дури и тесен пораз за да се пласираат на СП.

Во добра позиција да се најде на СП се наоѓа и Германија која со победата 2-0 над Луксембург го презеде водството во групата, а директниот дуел со Словачка во последното коло ќе решава кој од тие два тима ќе оди на Мундијал. На Германците ќе им биде доволно и реми, Словачка ќе мора да победи на тој меч во Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести