20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Хрватска се провлече, Словенија ја испрати Србија дома

Селекциите на Хрватска и Словенија се пласираа во втората фаза на Европското првенство во ракомет за жени.

Хрватките одиграа нерешено 26-26 со Швајцарија, од пораз се спасуваа со седмерец во последната секунда. Сепак, за да биде елиминирана Хрватска, требаше да загуби со четири или повеќе гола разлика. На две минути до крај, Швајцарија ја имаше предноста од два гола разлика и Хрватска „висеше“, но во финишот избегнаа дебакл.

Словенија ја совлада Србија со 27-24 и оди понатаму, а Србинките, кои ги загубија сите три меча во групата, си одат дома.

- Оглас -

Најнови вести