Хрватска слави, Зринка Љутиќ е новата слаломска кралица и најави: „Првпат ќе се напијам“

Микаела Шифрин убедливо победи на денешниот слалом во Сан Валеј, за Американката тоа беше рекордна 101-ва победа во Светскиот куп во алпско скијање, но најголема победничка е Зринка Љутиќ која го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина.

Шифрин поради повреда пропушти голем дел од сезоната, и тоа го искористи 21-годишната Љутиќ која вечерва ја фрли во транс спортска Хрватска. Хрватите 19 години чекаа на вакво нешто, тогаш најдобра во слалом беше Јаница Костелиќ која сега има своја наследничка во Љутиќ, барем во најтехничката дисциплина.

Зринка сезонава имаше три победи во слалом, четирипати беше на подиумот, а деветпати завршуваше меѓу најдобрите 10. Денеска беше само десетта, притисокот врз неа беше евидентен, но и тоа беше доволно за освојување на малиот кристален глобус.

„Пораснав гледајќи ја Јаница, а сега го држам кристалниот глобус. Мој е, го имам. Успеав. Можеби ќе се напијам првпат во животот“, изјави пресреќната Љутиќ, која сезонава заработи вкупно 245.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести