Хрватската фудбалска федерација (ХНС) на својот Youtube канал го промовираше спотот со кој се преставува новиот репрезентативен дрес. Спотот е по малку бизарен и започнува во сокриена организација за микрочипови, каде што портпаролот на ХНС, Томислав Пачак, извршува некои работи околу дресот.
Потоа куферчето во кое е сместен дресот е ставено во ранец, а некои сомнителни момци започнуваат бркотница за да го добијат ранецот. На крајот, куферчето пристигнува кај претседателот на ХНС, Давор Шурек, кој задоволно се смее на дресот со борјот 10 на Лука Модриќ.
На 5 септември Хрватска ќе гостува кај Португалија во првото коло од новото натпреварување од Лигата на нациите.