Хрватска со победа го потврди пласманот на ЕП, но Турција е првопласирана откако освои бод во Велс

Репрезентацијата на Хрватска е последниот учесник на Европското првенство во Германија преку групната фаза на квалификациите. Хрватите ги комплетираат 20-те селекции кои преку регуларните квалификации се пласираа на Европското првенство, а таму е и домаќинот Германија.

Хрватска сама си ја заврши задачата и ја совлада Ерменија со 1-0 на домашен терен. Единствениот погодок беше дело на Анте Будимир во 43-тата минута. Сепак, и доколку не победеа, ќе се пласираа на шампионатот бидејќи Велс одигра само 1-1 на домашен терен против Турција, која со бодот успеа да заврши како првопласирана во групата.

Резултати:

Андора – Израел 0-2
Хрватска – Ерменија 1-0
Гибралтар – Холандија 0-6
Грција – Франција 2-2
Косово – Белорусија 0-1
Романија – Швајцарија 1-0
Велс – Турција 1-1

- Оглас -

Најнови вести