Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Осиек загуби од Турција со 0:1 во квалификациите за пласман на ЕП 2024 кое ќе се игра во Германија.
Иако поразот најверојатно нема да ги чини Хрватите пласман на ЕП бидејќи повеќе од сигурно е дека ќе завршат на едно од првите две места во групата, но киксот против Турција значеше прекин на неверојатна серија.
Ова беше прв пораз на Хрватска на домашен терен во квалификации за Европско првенство.
Хрватите досега играа во европските квалификации за пласман на ЕП 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016, 2020 и секогаш досега завршувале без пораз на домашен терен.
Коцкестите до поразот од Турција имаа серија од 38 меча без пораз на домашен терен и за тоj период единствено Шпанија и Германија освоиле повеќе бодови како домаќини во европските квалификации.