Хрватска со ватерполо лекција за Србија

Хрватска ја победи Србија со 14:12 во дербито од четвртото коло на ватерполо турнирот на ЛОИ во Токио. Со оваа победа Коцкестите стигнаа до шест бода и се сигурни во четвртфиналето, додека Србија остана на четири бода по четири меча.

Уште од стартот Хрватите покажаа дека се тргнати на победа. Поведоа со 5:1 и од тој момент го контролираа резултатот.Србите намалија на 4:5, а во средината на третата четвртина за прв пат израмнија на 8:8. Тоа како да беше аларм за Хрватите кои повторно заиграа многу подобро во нападот и во одбраната, па со серија од 6:1, стигнаа до највисока предност од 14:9 на средината од последната четвртина и веќе немаше никакви дилеми околу победникот.

Во последното петто коло Србија ќе игра против Црна Гора која исто така е со четири бода, додека Хрватска ќе игра дерби меч за првото место против Шпанија.

Денеска се одигра уште неколку интересни мечеви: Црна Гора – Казахстан 19:12, Австралија – Шпанија 5:16, САД – Унгарија 8:11, а треба да играат: Италија – Јапонија и Јужна Африка – Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести