Хрватска тенисерка доби свирежи на Индијан велс бидејќи одби да се ракува со Украинка (Видео)

Дуелот од второто коло во женска конкуренција меѓу Дона Векиќ и Лесја Цуренко, заврши со скандал кој го предизвика хрватската тенисерка.

Украинката славеше во три сета со 2:6,6:2,6:2 и додека Цуренко се радуваше на победата, Векиќ по последниот поен не ја чекаше противничката на мрежата за да се поздрават, туку отиде на нејзината клупа.

Кога Цуренко дојде до мрежата, а потоа и се приближи до клупата на Векиќ, хрватската тенисерка продолжи да си ја собира опремата и не се поздрави. Ваквиот потег на Векиќ, не им се допадна на навивачите кои со свирежи ја испратија од теренот.

Цуренко во следното коло треба да игра со подобрата од дуелот меѓу Русинката Евгенија Родина и Арина Сабаленка од Белорусија.

 

- Оглас -

Најнови вести