Тениската репрезентација на Австралија дојде до недостижни 2-0 во дуелот против Србија на Јунајтед купот во Перт. Откако Новак Ѓоковиќ неочекувано загуби од Де Минаур со 2-0 во првиот меч, со истиот резултат поразена е и Наталија Стевановиќ во дуелот против Ајла Томљановиќ.
Австралиската тенисерка е родена во Загреб и до 2018-тата настапуваше за својата татковина, Хрватска, а потоа направи трансфер во Австралија. Домашната тенисерка доминираше во текот на целиот меч и двата сета ги доби со убедливи 6-1 и 6-1.
Сето тоа значи дека Србија е елиминирана од натпреварувањето, а Новак Ѓоковиќ ќе има повеќе време за подготовка за она главното, а тоа е настапот на Австралија опен и атакот на трофејот од првиот грен-слем турнир оваа година.