Да се стигне до врвот на светскиот тенис мора да се помине многу многу пат. Тоа во 2025 година најдобро го почувствува хрватската тенисерка Антонија Ружиќ. Младата 22-годишна тенисерка во изминативе 12 месеци пропатува неверојатни 92.629 километри.
Најголем дел од овие патувања се со авионски летови и тоа на места на кои Ружиќ играше турнири во годината која изминува. Во следните 10-тина дена, километражата сигурно ќе биде зголемена.
Ружиќ моментално е на 73 место на ВТА сцената, а најдобар нејзин пласман е 69 место. Според податоците на ВТА, Ружиќ досега остварија 212 победи, а има 102 порази на турнирите.
Во тековната година има 47 победи и 25 порази и заработи 433.000 долари од тениските турнири. Вкупно во кариерата има инкасирано 667.000 евра.
Как изгледаше патувачката авантура на Ружиќ во 2025 година може да се види во видеото кое таа самата го постираше
View this post on Instagram

