Хрватска во второто полувреме ја здроби Црна Гора, Шпанија покажа кој е првак

Хрватска одигра фуриозно второ полувреме и на крајот без поголеми проблеми ја победи Црна Гора со 27:21 во првото коло од Европското првенство. По првите 30 минути Црна Гора водеше со 13:12, но во вториот дел избраниците на Лино Червар го покажаа вистинскиот квалитет. Беше 14:14, а потоа Коцкестите стигнаа до предност од 23:17 и до крајот на мечот без поголеми проблеми стигнаа до победата.

Актуелниот европски првак Шпанија со убедлива победа од 33:22 над Летонија ја започна одбраната на тронот. Неверојатно, но сите 14-мина играчи кои влегоа во игра за Шпанија дадоа гол, а погодок постигна и голманот Перез де Варгас. Кај Летонија најпрецизен беше Даинис Кристопанс, ѕвездата на Вардар, со 7 гола од 10 обиди, но тоа беше премалку да се победи фаворитот.

 

- Оглас -

Најнови вести