Кошаркарската федерација на Хрватска објави соопштение за инцидентот што се случи во Грција.
Кошаркарите на хрватската репрезентација Дарио Шариќ и Ивица Зубац учествувале во инцидентот кој се случил во ноќен клуб во Атина ноќта по мечот од квалификациите за ЛОИ во Париз меѓу Грција и Хрватска.
NBA players Ivica Zubac & Dario Saric were involved in a bar fight near Athens, Greece early this morning (around 5:30 AM local time) — following their game (Team Croatia) against Greece.
Much of the confrontation was caught on video.
At one point, another man seems to put Saric… pic.twitter.com/Y72trC76Mn— michael j. babcock (@mikejbabcock) July 8, 2024
„Како одговор на бројните барања од медиумите во врска со фотографиите кои кружат на социјалните мрежи и порталите, Хрватската кошаркарска федерација одлучи да реагира вака: По финалниот натпревар на олимпискиот квалификациски турнир во Грција и заедничката вечера, селекторот им се заблагодари на играчите за уште една добро сработена акција и ја распушти репрезентацијата, со оглед на тоа што немаше заедничко враќање во Загреб, туку на неколку дестинации според потребите на играчите. По неколку недели тешки подготовки и натпревари, играчите решија да имаат заеднички проштален собир пред да се вратат во своите домови или клубови. За време на дружењето во еден од клубовите во Атина, дел од нашите играчи беа нападнати прво вербално, а потоа и физички, поради што се бранеа. Тоа беше краткотраен инцидент кој беше прекинат со интервенција на клупските стјуарди“, се вели во соопштението на Федерацијата на Хрватска.
Заедно со кошаркарските репрезентативци Дарио Шариќ и Ивица Зубац бил и поранешниот фудбалски репрезентативец на Хрватска, Тин Једвај, кој моментно настапува за Панатинаикос.