Хрватската легенда, голгетер од светска класа, но за него нема место во идеалниот тим на Осјек

Давор Шукер важи за еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, меѓутоа ексиграчот на Реал Мадрид, Арсенал и Севилја не се најде во идеалниот состав во клубот каде што ја започна кариерата, Осјек.

Весникот „Гласот на Славонија“ спроведе анкета во која навивачите на Осјек го составуваа идеалниот тим од играчи кои ги бранеле боите на клубот низ историјата, а за чудо немаше место за поранешниот европски првак иако беше голгетер од светски калибар.

Во формација 4-4-2, навивачите ги одбраа Мирослав Житњак, Дамир Вуица, Домагој Вида, Бакир Беширевиќ, Сречко Хуљиќ, Ненад Бјелица, Горан Поповиќ, Ивица Грња, Роберт Шпехар, Иван Лукачевиќ и Петар Крпан.

Останатите хрватски медиуми се прашуваат како во оваа респектабилна постава немаше место за Златната копачка од Мундијалот во 1998 година.

 

- Оглас -

Најнови вести