19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Хрватската ракометна бајка продолжи

Ракометната женска репрезентација на Хрватска ја совлада фаворизираната Романија со 25-20 и продолжи да реди изненадувања на Европското првенство кое се игра во Данска. Хрватска има четири победи во четири меча, па сега во последните две кола против Норвешка и Германија им треба само еден бод за пласман во полуфиналето.

Ако им се погодат резултатите, може и да не им биде потребен бодот против Германија во последното коло. Хрватска пред две недели не знаеше ни дали ќе игра на ЕП, заминаа тивко, без никаква помпа.

Во другиот денешен меч од 18.15 часот, имаше голема драма, а Русија ја победи Црна Гора со 24-23. Црногорките го имаа последниот напад, но се сплеткаа, па Русија остана непоразена и лидер на табелата.

- Оглас -

Најнови вести