Хит – Хрватската телевизија титлуваше интервју со Ѓоковиќ (Видео)

Хрватската национална телевизија објави интервју со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а она што шокираше многумина е дека имаше превод. Интервјуто е направено пред „Адрија тур“ во Задар, па затоа тој говореше и за односот со хрватските колеги.

Иако јазикот на кој зборува Ѓоковиќ е 99 проценти ист како тој што се зборува во Хрватска и е перфектно разбирлив за гледачите, а во минатото јазикот беше заеднички и се викаше српско-хрватски, Хрватите имаа потреба да дадат „превод“. Единствено логично објаснување е дека преводот бил поради глувите луѓе.

Во титлувањето беа преведени неколку зборови, останатите зборови беа истите кои ги кажа Новак на српски. Погледнете како изјавата на Новак звучи на српски, а се пишува на хрватски:

- Оглас -

Најнови вести