14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Хрватски кошаркар не успеал да положи тест по англиски јазик за да се запише на престижен Универзитет во САД

Младиот хрватски кошаркар Звонимир Ивишиќ ја загрози својата кариера во американската НЦАА-лига бидејќи со задоцнување од два месеца го исполни условот да се запише на Универзитет во САД.

Екстраталентираниот кошаркар неколкупати паднал на тестот по англиски јазик, кој е неопходен за да може да стане студент и да игра за кошаркарскиот тим на Универзитетот Кентаки.

Според хрватските медиуми, Ивишиќ дури во средата успеал да се запише на Универзитетот Кентаки и сега мора да го надомести тоа што го пропуштил во претходните два месеца со студиите.

Експертите му предвидуваат блескава кариера на Ивишиќ во НБА-лигата и сметаат дека на идниот избор на драфтот ќе биде избран на висока позиција.

- Оглас -

Најнови вести