Хрватскиот репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Европа, Јошко Гвардиол, е голема желба на екипата на Манчестер сити за летниот преоден рок. Дефанзивецот на Лајпциг има договор со германскиот клуб до летото 2027 година, но притисок за негов трансфер е голем, пред сè поради високите суми кои се споменуваат.
Неофицијално за неговите услуги има интерес и од Реал Мадрид и Челзи, но токму Граѓаните се тие кои се подготвени да го платат обесштетувањето од неверојатни 100 милиони евра. Доколку овој трансфер се реализира, Гвардиол ќе биде најскапиот дефанзивец во историјата.
Свој интерес во целата работа има и Динамо Загреб, кој пред две години го продаде на Лајпциг за 18,8 милиони евра, но загрепчани имаат и 20% од заработката од следниот трансфер на Гвардиол, што значи дека Динамо може да заработи уште дополнителни 20-тина милиони евра за играч кој само две сезони мина во нивните редови.