Хрватски тенисер брутално го навредуваше судијата со најпростачки зборови (Видео)

Хрватскиот тенисер Борна Гојо за време на натпревар од АТП Челинџер турнирот во Шербур, Франција, против Џефри Бланкано имаше испад и вербално го навредуваше судијата на крајот од вториот сет.

Гојо, кој е рангиран на 194-тто место во светот, се пласира во четвртфиналето, но во финишот на вториот сет тотално ги загуби нервите. Најпрвин загуби поен за којшто мислеше дека треба да го добие, а потоа противникот го освои сетот во тај-брејкот. Тогаш Хрватот се стрча кон судијата и сочно го опцу, што јасно се слушна во преносот. Имаше среќа што судијата не го разбра што му изнакажа на висок тон, инаку веројатно ќе беше дисквалификуван.

„Да ти ја е.ам мајката, да ти ја е.ам мајката во пи.ка!“, урлаше Гојо. 

Видеото погледнете го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести