18.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Хрватски тинејџер кој го има освоено Ролан Гарос е ривалот на Ѓоковиќ во првото коло во Мелбурн

Хрватскиот талентиран тенисер Дино Прижмиќ ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во првото коло на гренслем-турнирот во Мелбурн, популарното Отворено првенство на Австралија. Ѓоковиќ ќе атакува на 11-тата титула на овој турнир, додека за Прижмиќ ова сигурно е најголемиот дуел во неговата досегашна кариера.

„Најдраги ми се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Не ја копирам нивната игра иако некогаш се обидувам да одиграм нешто како тие што прават. Воопшто не е лесно затоа што тие се вистински мајстори на овој спорт. На Ѓоковиќ посебно му се восхитувам можеби затоа што е од овие простори и знам низ што се морал да помине. Ми се допаѓа неговиот настап, неговата упорност, неговата ментална сила“, неодамна рече Дино во изјава за „Вечерњи лист“.

Инаку Прижмиќ моментално е на 178-мо место на АТП-листата, а тој е и актуелен освојувач на јуниорскиот гренслем-турнир на Ролан Гарос од 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести