Хрватски тинејџер прво го одби Баерн, па потоа стана рекордер на славниот клуб

Ловро Звонарек потпиша договор со Баерн Минхен и веднаш се запиша во историјата на славниот клуб со најскапиот трансфер на Баварците за играч што има само 16 години.

Баерн му плати на Славен Белупо 2 милиони евра отштета, а трансферот може да чини максимум пет милиони евра со бонуси. Хрватскиот тинејџер по сугестија на раководството на прволигашот од Копривница прво одби да потпише договор со Баварците бидејќи почетната понуда од 750 илјади евра не беше прифатлива.

Потоа следуваше нова и многу подобра, а Баерн никогаш досега не платил 2 милиони евра за играч помлад од 18 години. Звонарек е екстра-талент и уште еден бисер на хрватскиот фудбал и прв играч што директно од ХНЛ станал член на Баерн.

Пред него браќата Ковач, Нико и Роберт, потоа Даниел Прањиќ, Ивица Олиќ, Марио Манџукиќ и Иван Перишиќ играа за Баерн Минхен од моментот кога Хрватска стана независна држава.

Звонарек ќе ја мине оваа сезона во Славен и потоа ќе се пресели во Минхен.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести