Мајкл Карик со Манчестер јунајтед славеше над градскиот ривал Сити со 2-0, но раководството на Црвените ѓаволи сè уште е во потрага по долгорочно решение за тренерската позиција.
Германските медиуми пишуваат дека еден од најсериозните кандидати е хравсткиот тренер Нико Ковач, кој во моментов е на клупата на Борусија Дортмунд. Првите реакции од Хрватот се дека не планира да се пресели во Манчестер јунајтед и во моментов е фокусиран на Милионерите, со коишто има договор до летото 2027 година.
Ковач во својата тренерска кариера ги предводеше младинската и сениорската репрезентација на Хрватска, а на клупски план, освен во Борусија Дортмунд, ги водеше и Ајнтрахт Франкфурт, Монако, Баерн Минхен и Волфсбург.

