Хрватски тренер раскина договор, па остана и без џипот

Хрватот Игор Памиќ по лошо ќе ги памети последните денови и часови од престојот во Црна Гора, каде што работеше како тренер на ОФК Титоград. На последниот ден од престојот во клубот, ноќта помеѓу 30-ти и 31-ви јануари, крадци му го украле џипот марка „БМВ Х5“.

Кога станал утрото, пред зградата го немало скапоцениот автомобил, па за патувањето до дома во Пула морал да најде друг превоз.

Памиќ, кој има играно за Динамо Загреб, Ханза и Сошо, го презеде ОФК Титоград минатото лето и одлично стартуваше, беше лидер по седум кола, а полусезоната ја заврши на втора позиција.

„Не е тајна дека веднаш по раскинувањето на договорот, ми го украдоа џипот. Не знам што да мислам и како да гледам на ова. Половина година немав никаков проблем, а сега кога дојдов само на еден ден, се случи кражбата. Некој знаел дека доаѓам и дека ќе останам кратко. Имам чувство дека сум предаден, убаво ми беше во Црна Гора. Мене во животот ми се случувале и полоши работи, останав без синот, па и ова ќе го преживеам, иако бев емотивно врзан за џипот“, вели Памиќ, кој се надева дека полицијата ќе успее да го најде возилото и ќе му го врати.

 

- Оглас -

Најнови вести