Хрватски третолигаш ќе добие стадион од 1,3 милиони евра!?

Дуго Село е градче во Хрватска кое се наоѓа на 20-тина километри од Загреб и има план да изгради модерен стадион и спортски комплекс кој делува импресивно. Градското раководство на ова место најави изградба на спортско-едукативен центар кој освен фудбалски терен со шест илјади седишта, треба да има и две кошаркарски сали, тениски терен, куглана, терен за мал фудбал, како и хостел за млади спортисти, најавуваат хрватските медиуми.

Целиот проект се проценува на 100 милиони куни, што е околу 1,3 милиони евра. На фудбалскиот стадион би играла екипата на Дуго Село, која моментално се натпреварува во третата фудбалска лига во Хрватска. Иако во третата лига, клубот Дуго Село би имал еден од најмодерните стадиони во земјата.

„Бидејќи се работи за спортско-едукативен центар, се надеваме дека ќе добиеме помош и од Министерството за образование, од Министерството за спорт и туризам, од ХНС и уште од многу други кои би сакале да го поддржат овој проект“, рече градоначалникот на Дуго Село, Ненад Панијан.

- Оглас -

Најнови вести