Хрватски третолигаш продаде фудбалер во Лајпциг за 5,2 милиони евра!

Талентираниот хрватски тинејџер Дино Клапија ќе биде нов играч на германскиот бундеслигаш Лајпциг. Клапија кој досега беше член на третолигашот Кустошија, се согласил за трансфер во Лајпциг и тоа вреден 5,2 милиони евра, пишува експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо.

Лекарските прегледи веќе се завршени и тинејџерот треба да се приклучи на клубот во кој од неодамна пристигна и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Клапија во Кустошија дојде во март минатата година и тоа од тимот на Њујорк сити, кој е составен дел од групацијата Манчестер сити фудбал груп. Многу клубови се интересираа за него, но проценката била дека третолигашот Кустошија во Хрватска е вистинско место за негов развој.

Талентираниот тинејџер е роден во САД, а минатата година дебитираше за селекцијата на Хрватска за играчи до 17 години под водство на Роберт Јарни. За него се интересираа Арсенал, Борусија Дортмунд и Динамо, но тој реши кариерата да ја продолжи во Лајпциг, а третолигашот Кустошија ќе добие 5,3 милиони евра за овој трансфер, плус 10 отсто од парите за следниот трансфер на Клапија.

За Кустошија ова не е прв ваков неверојатен трансфер. Овој хрватски нисколигаш се прослави кога пред една и пол година, за сума од пет милиони евра го продаде 18-годишниот Сенегалец Микај Фаје во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести