Хрватски второлигаш продаде играч во Барселона за пет милиони евра!

Каталонскиот гигант Барселона постигна договор со талентираниот Микај Фаје. Младиот 18-годишен Сенегалец кој игра во дефанзивниот ред беше поврзуван и со екипите на Челзи и Борусија Дортмунд, но Барселона успеа да го придобие неговиот потпис.

Малку неверојатно, но вистинито, Фаје во Барселона доаѓа од екипата на хрватскиот второлигаш Кустошија. Фаје во тимот од Загреб пристигна на почетокот на годината од сенегалскиот тим Дијамбарса и во 14 меча успеа да постигне и еден гол во втората хрватска лига.

Фаје игра како лев бек или стопер, а за У17 селекцијата на Сенегал има 10 настапи. За трансферот во Барселона објави и најпознатиот спортски новинар за трансфери, Фабрицио Романо. Хрватскиот второлигаш од трансферот на Фаје ќе заработи пет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести