Фудбалскиот клуб Осиек од утре ќе почне со тренинзи, како подготовка за продолжението на сезоната во Хрватска. Петтопласираниот тим во ХНЛ до прекинот на шампионатот поради Коронавирус, прв во Регионот ги исполни сите здравствени услови препорачани од медицинските служби и во понеделник играчите ќе истрчаат на теренот во „Градски врт“.
Интересно е што Осиек од неодамна е клуб миленик на унгарскиот Премиер Виктор Орбан, кој изненадувачки се појави во просториите на клубот при поставувањето на свој човек на раководните функции.
Унгарците вложија свој капитал во клубот за кој до неодамна играше и нашиот интернационалец Музафер Ејупи. Командата је презеде еден од најбогатите луѓе во оваа земја Лоринц Месарош, чиј капитал е проценет на 1.1 милијарди евра.
Месарош, или како што самиот се нарекуваа унгарскиот Марк Зукерберг е водечки човек во клубот заедно со Иван Мештровиќ.
„Се радувам што ги исполнивме сите услови од здравствен аспект за да можеме да тренираме. Се надевам дека наскоро ќе играме и првенствени натптревари во ХНЛ лигата“, изјави Мештровиќ.
Осиек има шанси за излез во Европа, бидејќи има мало заостанување зад главните ривали во битката за местата што водат во Лигата на шампионите, или Европа Лигата.