Бројот на хрватски ракометари во ракометниот клуб Вардар 1961 нема да се намали со заминувањето на Иван Чупиќ бидејќи во следната сезона доаѓа 25-годишниот Анте Кудуз, кој поради имиџот и сличноста со данската ракометна ѕвезда Микел Хансен, има прекар хрватски Хансен.
Кудуз е лев бек и се наоѓа на поширокиот список на хрватската репрезентација. Кудуз играше за Динамо Букурешт, каде што беше прв стрелец и најдобар поединец во романската лига, но македонскиот тим бил конкретен во преговорите и успеа да го привлече. Тој потпишал на две години.
Нов член на Вардар 1961 од вчера е Црногорецот Васко Шеваљевиќ.