33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Хрватскиот нисколигаш со уште еден неверојатен трансфер, продаде играч за шест милиони долари

Екипата на Кустошија во последниве неколку години игра во третата или во втората хрватска лига, но стана светски познат клуб и тоа поради трансферите кои ги прави. Веќе неколку фудбалери од Кустошија направија трансфери во големи европски клубови, и тоа за милионски суми.

Сега на повидок е нов голем трансфер. Станува збор за 18-годишниот репрезентативец на Бенин, Родолфо Алоко. Како што објави Фабрицио Романо, Алоко оди во МЛС, каде што ќе го засили тимот на Шарлот. Италијанскиот новинар пишува дека Кустошија би можела да заработи дури шест милиони долари преку разни бонуси од трансферот.

Алоко пристигна во Кустошија од Бенин во февруари 2025 година. Брајтон и Лион наводно исто така биле заинтересирани за него, но Бенинецот сепак ќе се упати кон МЛС во САД.

- Оглас -

Најнови вести