Хрватскиот тим кој продаде играч во Барселона, испадна во трета лига

Екипата на Кустошија пред неколку дена направи историски трансфер откако успеа да продаде фудбалер во светскиот гигант Барселона. Хрватскиот второлигаш заработи пет милиони евра, плус бонусите откако успеа да го продаде Микаил Фаје. Младиот 18-годишен сенегалски репрезентативец помина само неколку месеци во хрватскиот тим, а сега замина во Барселона.

Само пет дена откако го комплетираше овој трансфер, Кустошија испадна од Втората лига во Хрватска. Во баражот, Кустошија во првиот меч славеше со 2:1 над Зрински од Јурјевац, а на реваншот загуби со 1:0.

Во Хрватска уште важи правилото за погодок на гости, па тимот на Зрински ќе игра во втора лига, а Кустошија испадна во трета лига.

- Оглас -

Најнови вести