Хрватскиот тренер даде отказ откако доби тахикардија по мечот на кој беше исклучен

Хрватскиот тренер Јасмин Репеша поднесе оставка само по еден меч поминат на клупата на Фортитудо. Неговата екипа во драматичен финиш го загуби дербито од Реџо Калабрија (80:81), а Репеша не го дочека крајот откако беше исклучен.

По завршување на дербито, Репеша во соблекувалната почувствувал забрзено чукање на срцето и поради тоа реши да даде оставка.

„Им се извинувам на клубот и на играчите за моето исклучување. Макони е судија кој го сакам, го доживувам како искусен, исто како и Силвио, кој ја донесе клучната одлука. Како куче работев напорно за да го доведам клубот на вистински пат, но по мечот ми се слоши во соблекувалната. Имав тахикардија и затоа давам оставка. Фортитудо е мојата прва и најголема љубов, но не можам да продолжам. Донесов одлука и веќе нема да ја променам“, рече Репеша.

На познатиот тренер ова му беше втор мандат во Фортитудо, клуб во кој беше на клупата во периодот од 2002 до 2006 година. Во 2005 година Репеша со Фортитудо се радуваше на титулата во италијанското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести