Фудбалскиот клуб Кустошија од Загреб благодарение на агентот Енди Бер излезе од анонимноста со сензационалниот трансфер на нивниот играч Микаил Фаје во Барселона, а сега продолжуваат богато да продаваат свои талентирани африкански играчи.
Баје Кулибали кој има 18 години и е јуниорски репрезентацивец на Мали, заминува во МЛС лигата во САД и ќе игра за Шарлот, а хрватскиот третолигаш (во моментов се на седмо место) Кустошија ќе добие отштета од 2 милиони евра и 20 проценти од идна негова продажба.
Кулибали беше и на радарот на Реал и Атлетико Мадрид, но тој кариерата ја продолжува во Шарлот.
Така листата на големи трансфери на Кустошија се проширува со Кулибали, откако Микаил Фаје за 1,5 милиони евра замина во Барса, Дино Клапија во Лајпциг за 3 милиони евра и Нико Томашевиќ во истиот клуб за 1 милион евра.