Хрватските фанови дивееја во португалскиот град, луѓето бегаа од рестораните да за спасат жива глава (Видео)

Хајдук денеска гостува во Гимараиш во возвратен меч од Конференциската лига на УЕФА. Хрватскиот тим има предност од 3:1 стекната по првиот дуел во Сплит, што значи дека е во поволна позиција за пласман во следната рунда.

Како предигра на реваншот, гостинските навивачи кои пристигнаа во Гимараиш направија хаос во центарот на градот. Синоќа дивееја членови на популарната навивачка група Торцида.

Од полицијата излезе соопштение дека се работи за мал инцидент, но видеоснимките кои се појавија покажуваат како граѓани кои мирно седат по ресторани и кафетерии мораа да бегаат за да не бидат повредени од гостинските хулигани.

„Тоа беше помал инцидент, без последици во вид на физички повреди или материјална штета. Така е засега. Тоа било моментален испад на една група навивачи. Не можеме да утврдиме за колкав број се работи“, гласи полноќното соопштение од полицијата.

Инцидентите започнале околу 22:30 часот, кога гостинските навивачи започнале да фрлаат факли по рестораните и кафетериите во центарот на градот, а бил искршен и дел од ентериерот.

https://twitter.com/i/status/1557132540032569356

Сведоци на инцидентите велат дека дел од напаѓачите биле навивачи кои зборувале „португалски со лисабонски нагласок“, па не е исклучено меѓу напаѓачите да имало и фанови на Спортинг Лисабон, ако се знае дека нивната група No Name Boys се пријатели со хрватската Торцида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести