Хрватска вчера триумфираше со 3-1 над Шкотска во Глазгов и се пласира во нокаут-фазата на Европското првенство. Како што се славеше во Глазгов и низ хрватските градови, симпатизери на Коцкестите излегоа и на улиците во Франкфурт, каде што правеа навивачка „фешта“.
Полицијата, нормално, беше присутна со цел да се проследи забавата без инциденти, а бидејќи немаше такво нешто, службениците им се придружија на навивачите во прославата.